Имајќи ја во предвид дотраеноста на градбата ( покрив- купола) на старата џамија на населба Подгорци, а се разбира и подобрувањето на нејзиниот облик, од пред неколку дена во консултации со џамискиот одбор, и џемаатот на населба Подгорци, се започна со реконструкција (обновување) на кровот и куполата на оваа џамија.
Според информациите кои можевме да ги добиеме, во оваа реконструкција, преден план ќе му се даде и на куполата која треба да го обележи обликот на оваа џамија на населба Подгорци.
Куполата е предвидено да биде зајакната со странични парапети, а нејзиниот покрив да биде покриен со бакар, се разбира нема да изостануваат и дрвените елементи.
Со реновирањето на покривот на оваа џамија превидено е исто така да се запази нејзината автентичност, облик и дијаметар.
Притоа би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои на било кој начин помагаат во спроведувањето на оваа наша активност, како финансиски така и со учество при нејзината реконструкција – стои во краткото известување од страна на Џамискиот одбор на населба Подгорци.
Идејното решение за изградба на новата купола и, покривот е изработено од страна на архитектот Фахрудин Бајрамоски, како одговорно и стручно лице задолжено за спроведување и надзор на ова реконструкција.










