Наталитетот е во слободен пад

by Administrator

Скоро третина од брачните парови во земјава живеат без деца, покажа последниот Попис, што повторно го отвори прашањето за популациската политика во земјава. Трнлив е патот на паровите кои чекаат државата да им помогне да добијат свое дете, додека неплодноста станува се поголем проблем.

Информацијата дека во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 31 % се брачни парови кои живеат без деца, објавена како дел од четвртиот сет податоци од Пописот во 2021, ја вознемири јавноста во време кога наталитетот во земјава паѓа, а од година во година се раѓаат се помалку бебиња во земјава. Иако од Државниот завод за статистика појаснуваат дека во оваа бројка се и младите парови кои се уште немаат деца, но и повозрасните чии деца веќе се иселиле, остана горчливиот вкус поради отсуството на популациска политка во земјава во ера на белата чума.

Економската нестабилност, сопствениот избор, но и неплодноста се меѓу најчестите причини за тоа зошто нема деца во многу македонски семејствата.

Едно од нив е семејството на Кристина од Скопје. Со нејзиниот сопруг се запознале пред 7 години, стапиле во брак, но никако не успеале да добијат дете. Иако редовно посетувала гинеколог, никој никогаш не и кажал дека има намалена оваријална резерва (нејзиното тело не создава доволно јајце клетки) поради што забременувањето оди тешко.

Повеќе на РСЕ

You may also like