Русија го прекина снабдувањето со гас и за Летонија

by Administrator

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска соопшти дека го прекина снабдувањето со гас за соседна Летонија поради прекршување на условите за преземање на овој извор на енергија.

Русија претходно ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, бидејќи тие одбија да вршат плаќања според новите прописи засновани на указот на претседателот Владимир Путин со кој се бара од нив да отвораат сметки во руска банка и да плаќаат во рубли.

Русија, исто така, ја намали продажбата на гас на Shell Energy во Германија. Во соопштението на Газпром не се прецизира кои услови се прекршени од Латвија.

(Vijesti.ba)

You may also like