ВМРО-ДПМНЕ и Левица повикаа на масовен протест напладне против францускиот предлог, оти предлогот ќе се разгледува во Собрание, а претходно обраќање пред пратениците ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Седницата на која таа ќе се обрати ќе почне во 13 часот, а половина час подоцна и седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог со кој треба да се одблокираат македонските евроинтеграции. Протестот против францускиот предлог денеска ќе започне напладне. Опозициските партии повика на масовност.
Седницата на која ќе се обрати фон дер Лајен е закажана за 13 часот, а половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за предлогот.
Од Владата соопштија дека претседателката на Европската комисија напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски. Претходно фон дер Лајен ќе има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски, а непосредно пред седницата во Собрание ќе има средба и со претседателот Талат Џафери.
Фон дер Лајен е последната од низата на европски лидери и владини претставници кои во изминативе денови го посетија Скопје за да им дадат ветер во грб на македонските власти да го прифатат предлогот со кој ќе се отстрани бугарското вето.
Најавувајќи ја посетата на Скопје, од ЕК во објавата на Твитер првин напишаа дека Фон дер Лајен ќе се сретне со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски, за по кусо време да ја коригира објавата и да напише дека претседателката е на средба со претседателот на Северна Македонија.
Повеќе на РСЕ









