Заедно со Саудиска Арабија, една од клучните арапски земји кои не сакаа да воведат антируски санкции се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Притоа, таа земја најавува уште поинтензивна соработка со Русија, за што сведочи и следната вест: Компаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) немаат намера да го напуштат рускиот пазар поради Украина, изјави во средата, 13 јули, шефот на економскиот оддел на амбасадата на ОАЕ во Москва, Ахмед Алкетби, а пренесуваат руските медиуми. „Имаме исклучително силни односи со Русија.
Обединетите Арапски Емирати не донесоа никаква одлука поврзана со повлекување на емиратските компании од територијата на Русија. Многу ни е драго што голем број руски компании се појавуваат во ОАЕ. И се надеваме дека дополнително ќе ја развиваме трговската и економската соработка со Русија“, изјавил Алкетби. Според него, сега работните групи на Емиратите и Русија преговараат за користење на картички на рускиот платежен систем Мир во ОАЕ. На нив присуствуваат претставници од централните банки и од банкарскиот сектор на двете земји. „Се надеваме дека користењето на Мир картичките ќе биде можно по склучувањето на договорот за соработка. Се надеваме дека работната група ќе донесе позитивен заклучок“. рече Ахмед Алкетби, изразувајќи надеж за понатамошна соработка меѓу државите во финансискиот сектор.
Извор:Geopolitikanews
