Подгорчани, покрај голем број на други работи, познати се и по одржување и негување на традициите. Една од многу бројните традиции која и ден денес опстојува а низ неа поминале голем број на наши сограѓани Подгорчани од сите генерации, односно од најмалите па се до најстарите е 4-јули.
На оваа дата (4.ти јули), Подгорчаните се потсетуваат на традиционалниот излет кој секогаш заеднички во друштво со своите најблиски роднини и пријатели уште на 3-јули заминуваа во нашите познати Подгоречки бачила каде една вечер се претстојуваше во познатите традиционални рачно направени импровизирани колиби, шатори, па и оние од новоизградените викендици.
Во прилог на овојгодишен традиционален излет, Ви прикажуваме дел од забележаната атмосфера, каде при нашето пристигнување поголемиот дел од оние помладите генерации, кои веќе пристигнале уште од 1-јули веќе се подготвуваа за заминување кон своите домови, односно Подгорци.













