Во село Тополница, Радовиш го посетив семејството Јашарови, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски .
Целото семејство се занимава со земјоделство и сточарство, односно обработуваат над 50 ха земјоделско земјиште и одгледуваат 1200 овци и 50 кози.
Ајхан Јашаров е добитник на мерката 113 од програмата за рурален развој преку кои има набавено млин за мелење жито, преса балирачка, лента за товарање бали, молзачка за кози и пумпа за наводнување. Оваа инвестиција е поддржана од АФПЗРР во вид на грант од 100%
Ваквата финансиска поддршка е стимул за младите луѓе за да ја продолжат семејната традиција во производство на храна.
Можно е да е слика од надворМожно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, пат и дрво

„Zelenaberza“