Засилени полициски контроли бараат земјоделците од Кочанско откако како што велат, крадци им ги сардисале селата. Тврдат дека неканетите гости присвојуваат буквално се и сешто, но најчеста мета се земјоделската механизација и алатки. Таков е случајот и со Стојан Стојменов од село Теранци. Ноќта на Бадник натрапници му го украле тракторот паркиран во дворот, кој и по два месеци се уште не е пронајден.

  „На 6-ти јануари во 4часот сабајле ми го украдоа тракторот од дворот. Пијавивме. Полицијата не дојде на лице место на увид. Наместо тие да дојдат на увид, син ми беше кај нив. Ги препродават. Ова не е единствен случај. Има украдено три трактори  и коли и комбиња. Ова е срамота што работи полицијата„-изјави Стојан Стојменов, земјоделец од с.Теранци.

Дрските крадци ги празнат и амбарите полни со пченица и ориз. Пред камерата на Алфа сведочи и земјоделецот Ристо Аврамов од с.Облешево на кој натрапниците му го десеткувале амбарот.

  „Лани ми ја украдоа пченицата што ја извадив обработувајќи декар и половина земја. Бев, пријвив и никому ништо. Им кажав кои се , но никој не презема мерки„ -вели Ристо Аврамов, земјоделец од с.Облешево.

Земјоделците се категорични. За да си го заштитат крваво спечалениот имот ако треба и ќе дежурат во смени. Од штипската полиција потврдуваат дека за помалку од половина година се украдени три трактори и ниту еден случај не е расветлен. Неретко, објаснуваат нашите соговорници, мета на крадците се и теглите со зимница и се она што успеале да го произведат на нивите, но тешко кои од нив се решаваат да пријават во полиција.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=b96-QWRW46g[/embedyt]


Alfa