Најпрво би сакале да му се заблагодариме на Возвишениот Аллах џ.ш што еве дочекавме и ни даде можност да го дочекаме и овој ден, односно да привршуваме со изградбата на овој верски објект, Аллахова куќа.
Исто така би сакале да им се заблагодариме и на сите оние кои секој на свој начин допринесуват во изградбата на овој наше верски објект, за кој како што гледате имајќи ги во предви временските услови од почетокот на поставувањето на камен темелникот успеавме за краток период до достигнеме до овој дел од градбата.
Ни преостануваат уште неколку фази од градбата (фасада, надворешно уредување,и простор за абдест), и иншала се надеваме дека и таа како и изминатите ќе помине без и било каков проблем, бидејќи веќе ни претстои убаво пролетно-летно време.
Досега немаме никаков проблем во текот на одвивањето на предвидените активности, како од работна сила, така и од страна на финансискиот аспект кој ни се овозможува од страна на наши поединци и фирми, како од Подгорци така и од надвор.
Уште еднаш би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои допринесуваат во изградбата на оваа наша Аллахова куќа, како на оние кои секојдневно издвојуваат време во градбата, така и на оние кои со финансиски дел обезбедуваат непречено одвивање на предвидените активности – стои во краткото известување од страна на лицата задолжени за реализација на градбата, и за крај уште еднаш да ги повикаме сите оние кои сакаат да помогнат во привршување на изградбата на овој верски објект, (Аллахова куќа).









