После три годишно одсуство, односно оддржување на нашите Традиционални Зимски игри “ Подгорци 2022“, 2019 / заради немање на снег, 2020 и 2021/ заради Ковид пандемијата, еве оваа година благодарение на господ, имавме можност да ја продолжиме оваа наша традиција, која трае 20 години, односно денес се оддржуваат по 21 пат.

Во ова пригода би сакал да им се заблагодарам на сегашните така и оние изминатите учесници кои влегуваа во организацијата на овие игри, се разбира и здруженијата на населба Подгорци “ЕД Тишкинец“ и ЗОК “Амбиција“, како и драмското студио “Кади Бабе“.

Се разбира, овде не би смеело да се забораваат и оние најзаслужните, нашите спонзори кои имајќи ја желбата за продолжуваање на оваа традиција, со своите донации се одлучија да ни помогнат, и во ова пригода би сакал да испратам посебна благодарност до сите нив.

Се надевам, иншаллах да ја дочекаме и наредната, притоа на сите оние кои денес решија да бидат дел од овие наши игри да им се заблагодарам, а се разбира и на нашите сограѓани и од другите населби кои се одлучија да бидат дел од ова традиција и сите денес заедно да бидеме дел од овој преубав амбиент во пределите на Подгоречка планина.

Се разбира изоставени нема да бидат и познатата Подгоречка алва, топлиот планински чај, топол сендвич и забавно-спортските активности и делот од познатата глума на нашите веќе познати Шабе и Исмаил Адемоски ( Шабе и Кади Бабе), како и збогатување на атмосферата со наши гости од  Струга, кои ќе го збогатат музичкиот дел.

Со овие зборови, еден од организаторите на овие традиционални игри г-динот Решат Арсланоски ги отвори овогодинешните 21-ти Традиционални Зимски игри “Подгорци 2022“,