Мандатарот Димитар Ковачевски го достави составот на новата влада до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Приоритет на новиот кабинет ќе биде справувањето со енергетската криза.

Мандатарот Димитар Ковачевски го достави составот на новата влада до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој се очекува деновиве да закаже седница за гласење на новиот премиер и министри. Приоритет на новиот кабинет ќе биде справувањето со енергетската криза. Мандатарот Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Собранието порача дека втор приоритет ќе биде задржувањето на животниот стандард на граѓаните и на компаниите и  исполнување на целите во однос на големите инфраструктурни проекти.

Во новата влада ги нема имињата на министрите Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Венко Филипче, Мила Царовска, Јагода Шахпаска и Ирена Стефоска.

Своите позиции и во новиот владин состав ќе ги задржат Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, Благој Бочварски во Министерството за траснпорт и врски и Фатмир Битиќи како вицепремиер за економски прашања. Досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски останува во Владата како министер за земјоделие, а Бојан Маричиќ од Министерството за правда заминува на нови задолженија како вицепремиер за евроинтегреции. Нов министер за правда ќе биде професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Никола Тупанчевски, а Славјанка Петровска ќе биде новата министерка за одбрана.

Повеќе на:DW