Возач од Косово возел автобус без едно тркало

by Administrator

Словенечката полиција уапсила возач на автобус од Косово кој возел автобус без едно тркало, јавуваат медиумите од регионот. На автопатот Љубљана-Обрежје запрено е возило управувано од 32-годишен маж од Косово, а возачот е казнет со 400 евра, соопшти словенечката полиција. Возачот не можел да објасни каде го загубил тркалото од автобусот. Покрај паричната казна за непочитување на законот за возила, против него е покрената судска постапка и парична казна од 2.000 евра.

You may also like