Претседателот на ДУИ Али Ахмети на завршната прес-конференцијата на партијата по локалните избори изрази задоволство од постигнатите резултати, посочувајќи дека уште во првиот круг ДУИ победила во три општини – Сарај, Липково и Пласница.

Според него во втор круг одат во десетина општини – Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени. Исто така и во втор круг кандидатите на ДУИ одат во општините Дебар, Чашка, Гостивар и Врапчиште.