Во 67 општини Државната изборна комисија го заврши пребројувањето на гласовите, а податоците се обработени во 11 општини и според досегашните резултати, ВМРО-ДПМНЕ освои 16 градоначалнички места, а СДСМ девет.
Броењето на гласовите е завршено во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница, Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола, Тетово и Куманово.
Во Тетово во водство е Теута Арифи од ДУИ со 11.138 гласови пред Билал Касами од БЕСА со освоени 10.496 гласови, а во Куманово каде што сите прогласуваа победа многу е тесна разликата меѓу Максим Димитриевски кој освои 15.151 глас и Оливер Илиевски од СДСМ со 15.098 гласови. И во двете општини, според податоците на ДИК, ќе има втор круг.
Првичните податоци објавени на страницата на ДИК покажуваат дека во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 16 градоначалнички места, СДСМ девет, ДУИ три, а едно место освои ДПТМ.
Според првичните податоци на ДИК, досега се избрани градоначалници во првиот круг се во 29 општини:
Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите;
Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите;
Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите.
Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите.
Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите.
Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите.
Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите
Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите
Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите
Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите
Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% од гласовите
Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите
Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите
Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите
Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите
Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите
Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%
Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%
Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%
Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%
Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%
Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци со 51,29%
Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%
Алија Јаоски од ДУИ за Пласница со 76,65%
Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%
Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%
Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%
Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите
Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97%
По пребројувањето на сите гласови, според податоците на системот на ДИК, втор круг сигурно ќе има во: