Во рамките на предвидената агенда по повод редовните локални избори кои во Македонија ќе се оддржат на 17.10.2021, кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците г-дин Идри Истрефи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески, носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ, Ален Деребан, кандидатот на листата за советници, Љупчо Тасески, членови на општинскиот комитет и симпатизери, во текот на вчерашниот ден, со заеднички настап ги посетија населените места Подгорци, Боровец, Јабланица и Ташмаруништа.
При посетата на овие населени места, кандидатот за иден градоначалник на Општина Стгруга и носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, имаа можност да поразговараат со жителите на горе споменатите населби и запознат со секојдневните проблеми со кои се соочуваат, и се разбира и другите потреби (инфраструктура) потребни за нормално одвивање на секојдневниот живот во средината и пошироко, притоа потенцирајќи дека за решавање на истите потребна е довербата која треба да ја добијат, како би ги реализирале и зацртаните проекти поврзани за Општина Струга и околните населби кои територијално и припаѓаат на оваа општина.
Во прилог на оваа информација, преку видео и фотографии ви пренесуваме дел од посетата на двата кандидати.










