Почитувани, членови како и наши идни, во прилог на овој пост-колумна, Ви ги објавуваме екслузивно документите кои беа испратени до редакцијата на Дубаи Портал, и претходно беше потврдена и нивната веродостојност од поедини членови (вработени) во ОУ Гоце Делчев – Подгорци.
Како образложение се работи за 3 (три) документи кои ги опишуваат проблемите кои му се наметнуваат на оваа училиште (дали по законски или не законски) останува Вие како начи читатели да ги прочитате и утврдете за што всушност станува збор.
Ама да одиме по ред:
1. Најпрво ке се потсетиме на последните активности околу разрешувањето на дир.Фадил Исламоски. (Во прилог ви го доставуваме исвестувањето од страна на Државниот Просветен Инспекторат до директорот на оваа училиште.)
Во кој јасно се укажува на незаконската промена на директоро како и валидноста на новиот ВД Директор.

2.Вториот документ представува известување од страна на Министерството за Образование до поранешниот градоначалник на Струга, г-дниот Рамиз Мерко, со кој му се наложува дека не постои законска регулатива за формирање на Албанска паралелка, во ОУ Гоце Делчев Подгорци, и истите треба да посетуваат настава во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа.
Притоа се надополнува и изјавата на членови на Училишниот Одбор на ОУ Гоце Делчев – Подгорци, во која децидно стои:
Членовите на училишниот одбор како и колективот на оваа училиште немаа ништо против формирање на Албански паралелки во оваа училиште, се додека се почитува законски правната регулатива.
За да се направи тоа ќе треба да се измени статутот на ова училиштет се разбира на барање на градоначалникот и истиот биде прифатен од надлежните институции (Министерството за образование) , кои би ја потврдиле основата за одобрување на албанска паралелка, дотогаш директорот Фадил Исламоски не смее да потпишува никаков документ(сведителства или пак нешто друго) заради тоа што согласно договорите на Министерот за Образование и поранешниот градоначалник овие ученици од ОУ Гоце Делчев – Подгорци се вода во ОУ Мурат Лабуништи-Лабуништа, каде што треба да посетуваат настава, тоа значи дека потпишување на било каков документ од страна на директорот Фадил Исламоски, ќе значи прекршување на законот за образовани, за што понатаму уследува кривична постапка за злоупотреба на должност.
Покрај тоа, во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа според изјавата на наставни во оваа образовна установа формирана е комисија за оваа проблематика на овие ученици кои се заведени да посетуваат настава во оваа училиште, а истите не доаѓаа ниту пак постои соодветна книга за евиденциам, така да како што вели еден наставник во оваа училиште: Овие ученици се заведени како да избегале од на настава.

3.Третиот документ представува указ од поранешниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко до ОУ Мурат Лабуништи-Лабуништа, за обезбедување на нормален тека на настава на Албански јазик за учениците од ОУ Гоце Делчев Подгорци (т.е наставата да се посетува во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа, а не во ОУ Гоце Делчев – Подгорци).
Значи во долната галерија ви се презентирани сите документи, кои засега се испратени и е потврдена нивната валидност.
Така да секој еден просечен човек може да ги прочита-разгледа и отцени каде треба да се бара Вистината?
Ова се документи со текст,потпис,печат и зад чија валидност стои ОУ Гоце Делчев -Подгорци, така да секој изговор од типот лажење или лажен документ може да биде изјава или коментар на личност која буквално нема ниту еден здрав нерв во својата глава.
Доколку се најде некој таков, тогаш однапред му извинуваме, ама и притоа да ни се заблагодари што ете успеал да се најде во која средина како таков припаѓа.











