Вечерва во просториите на здружението „Толеранца“, средба со жителите на населба Лабуништа оддржа кандидатот за градоначалник на Општина Струга г-дин Самир Муртезоски, јавува „Dubai-Portal“
Претходно Муртезоски денес одрржа кратка средба и со жителите на населба Подгорци.

На вечерашната средба, Муртезоски беше придружуван од носителот на советничката листа Јетмир Мазари, Ерхан Велиоски кандидат на советничката листа, и претседателот на ДПА г-динот Мендух Тачи.
На почетокот пред присутните жители, Муртезоски истакна дека за разлика од останатите кандидати не подготвувал никако пишуван говор, за што и всушност не му требало. бидејќи се наоѓа меѓу своите Лабуништани, каде се чувствува и како дел од нив, иако е од Подгорци, и после 17 сакам да бидам со крената глава и да ги погледнам нашите луѓе, а не да ветувам нешто што не можам да го исполнам, и дека и да не бидам за избран за градоначалник после 17-ти повторно ќе се борам и понатака.
Во текот на својот рзговор, тој се задржа и на функционирањето на Општина Струга.
„Ова се историски избори, за нашиве краишта, и треба добро да размислите за кого на 17 октомври ќе го дадете вашиот глас, велам историски бидејќи имате двајца кандидати, јас Самир Муртезоски и г-динот Абдулах Ќазим, вие треба да одлучите, доколку треба гласајте и за него нема проблем, ама сепак да ви кажам дека јас ќе го победам Ќазими и во дел од неговата населба позната како Ќазимовци“, рече Муртезоски
Во продолжението свое излагање имаше носителот на листата Јетмир Мазари.
„Јас и Самир ќе бидеме вашиот глас, очекувам да нѐ подржите и да ја одберете вистинската страна, ја очекуваме вашата подршка“, истакна Мазари.
Свое излагање во продолжение од средбата имаше и претседателот на ДПА г-динот Мендух Тачи, каде покрај обраќањето на Албански, Тачи се обрати и на Македонски Јазик.
„Нашиот кандидат Самир, не е кандидат на одредена групација, или село, туку кандидат на Демократската партија на Албанците“, изјави Тачи.
„И, другиот кандидат од вашава населба, мислејќи на Ќазими, на претходните избори беше кадар на ДПА, и за тоа сега не сакам да зборувам, туку да ве уверам дека ќе имаме ист пристап и третман кон сите, и ве уверувам дека овој пат ќе имаме подобар резултат. Гласовите кој ќе ги добие Самир и Јетмир, ќе бидат гласови кои ќе ги носам со себе, и со тие гласови ќе вршиме притисок во извршната и локална власт, да се свртат кон оваа страна, кон овие луѓе“, изјави Тачи
Во продолжение од овој текст информација ви пренесуваме видео и фотографии од вечерашната средба.










