Согласно планот за работа на Водна Заедница – Подгорци официјално денес 01.07.2013 година се започна со наводнување на земјоделските површини и истото ќе трае 60 дена – два месеци
Според информациите на раководителот на Водната Заедница, г-динот Насер Реџоски, се оди како што е планирано притоа надополнувајќи:
Како што реков оваа сезона ја започнавме подготвени, и превеземени се сите активности за нормално одвивање на тековните работи, како
чистење на каналите за наводнување, изборот на вододелител, регулирање на системот за водоснабдување и други активности.
Тековно на нашиот вододелител му е даден распоред за наводнување на парцелите, и истиот ќе се одвива со наводнување преку селската и марулската вода.
Оваа година евидентирани се околу 170 рала пченка и помала количина на вртишта засадени со компир домат и др.култура.
Очекувам дека жителите на Подгорци совесно ќе ја користат водата за пиење и наводнување, се разбира доколку не се во можност да извршат наводнување(вадење) благовремено да го известат вододелителот, како не би дошло до нарушување на распоредот за наводнување.
ВЗ-Подгорци.












