Како што знаете, речиси секоја година нашево училиште во рамките на својата годишна програма, организира различни настани и свечености.
На почетокот од школската програма на организирани активности, за оваа година беше настанот по повод “Детска недела“, каде директорката, г-ѓа Сабија Џемајлоска, за свеченото примање, ги израдува учениците подарувајќи им вредни подароци, на кои децата го искажаа задоволството со насмевка и радост, јавува “Dubai-Portal“
“Среќна сум што секоја моја замислена цел, се остварува. Децата беа пресреќни, а токму тоа за мене претставува голем успех. Од срце им го честитав почетокот на учебната година, нека здравјето, љубовта и среќата бидат нивни сопатници. Разумно да ги заокружат образовните етапи, бидејќи образованието е најисплатлива инвестиција“, изјави г-ѓа Сабија Џемајлоска.









“Dubai-Portal“







