Кандидатот за иден градоначалник на Општина Струга, од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, г-дин Идри Истрефи, денес беше во официјална посета на Лабуништа и меѓу Лабуништани, јавува „Dubai-Portal“
Со жителите разговараше за нивните секојдневни проблеми. Тој им ја понуди нивната програма, со која според него, трајно ќе ги реши проблемите со кои Лабуништани се соочуваат.
Тој истакна е добро запознат со проблемите, со каменоломот, каналзиацијата, меѓутоа дека сепак најголем проблем за Лабуништани сеуште претставува депонијата и решението за нејзино решање т.е. отстранување во близина на населеното место, каде што веќе живеат луѓе во непосредна близина на истата.
Значи, тоа можеби ќе биде и прв приоритет на г-динот Истрефи, решавање на депонијата.
На денешната посета, кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, беше придружуван симпатизери на партијата, носителот на листа за советници, Нијази Џумкар, кандидатите за листа за советници, Сафет Демиралиески како втор, Асим Саиотоски петти и Емин Купа како деветти кандидат, на листата за советници и претседателот на изборниот штаб – Струга, Сурија Рашити.
Во продолжение ви презентираме видео и фотограии, од денешната посета.

„Dubai-Portal“









