Кандидатот за иден градоначалник на општина Струга, Димче Шипинкароски, денес беше во официјална посета на Лабуништа и меѓу Лабуништани.

Тука тој се запозна со проблемите кои би ги решиле или кои треба да се решаваат во иднина.

Имаше можност во кратката средба да поразговара со присутните граѓани на оваа населба и да каже дека „проблемите еден по друг ќе се решаваат со заедничка координација на општината, месните самоуправи и се разбира локалното население.
Ние сме тука и се разбира треба да му помогнеме на народот да живее подобро како и што му наликува“, изјави накратко Шипинкароски.

На денешната посета, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, беше придружуван од пратеникот во македонското собрание, Јован Митрески, носителот на листата за советници Ирина Јолдеска, како и кандидатите за советници, Едип Беќироски и Мегдија Цаноски.

Во продолжение ви презентираме видео, од денешната посета.