Имајќи го во предвид продолжувањето на нашата Подгоречка традиција на подготвување на традиционалната алва по повод претстојниот празник Курбан Бајрам, ова наша традиција успеавме да ја реализиравме по петти пат и најавиме почетокот, односно доаѓањето на Курбан Бајрам.
Како што веќе и забележавте, тука веќе ги имаме како и секогаш повеќето исти лица кои се дел од организацијата и кои се трудат истата да продолжи и реализира како поред.
Подготвената алва, како и секоја година се дели на сите оние кои ќе не посетат, а преостанатиот дел ќе се потрудиме до го доставиме до најблиските домови на нашава населба.
Во ова пригода, во мое име и име на сите оние кои беа дел од ова годишна традиција, би сакале на сите муслимани да им го честитаме Курбан Бајрам, да им посакаме се најдобро, здравје, мир, бериќет и хармонија во нивните домови, и се разбира иншАллах следната година оваа наша традиција да биде уште поубава, и се разбира побогата со нашите печалбари, односно оние кои заради горе наведените околности, не беа во можност да бидат во своите родни краишта, меѓу своите овде.
Притоа, да не заборавиме, да им се заблагодариме на сите оние кои како донатори на некој начин допринесоа за продолжување на оваа наша заедничка традиција, која коако што наведовме се оддржува по петти пат и прераснува во вистинска традиција.
Стои во кратката изјава од реализацијата на годинешнава 5-та по ред на Подготвување на „Подгоречка алва“, по повод Курбан Бајрам.
Нека ни е за многу години.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=ha1aFMzuM98[/embedyt]












