Во рамките на предвидениот план програма за санирање на локалните патишта во населените места кои гравитираат во делот на Општина Струга, денес и официјално за започна со подготовките за асфалтирање на локалниот пат кој води кон населба Подгорци.

Според информациите, асфалтирањето ќе се врши во должина од 1.5 км просечна ширина од 5 метра, и дебелина на асфалтен слој од 8 см.

Првата фаза предвидува расчистување на страничните делови од сега веќе дотраениот асфалтен слој за добивање на нормалната широчина, и обработа на банкини, и подготовка на површината за поставување на завршниот асфалтен слој.

Проектот е во реализација на Програмата на Општина Струга, во соработка со Месната Самоуправа Подгорци.