Здружението на угостители на Германија се пожали дека има недостаток на работници во хотелите и рестораните откако беа укинати рестрикциите поради пандемијата. Во податоците на германскиот завод за вработување стоеше дека по укинувањето на заштитните мерки, бројката на вработени во угостителските објекти се намалила за 14 проценти.
Угостителите соопштија дека има недостаток на готвачи и келнери, откако соопштија дека е намален бројот на сезонските работници од странство и студентите.
Директорката на здружението на германските угостители, Ингрид Хартгес, изјави дека голем број од сезонските работници од странство кои работеле во германските ресторани и хотели, поради германските мерки заминале во Австрија и Швајцарија, каде хотелите и рестораните биле отворени пред германските.
„Оние кои некогаш работеа како келнери во рестораните сега се занимаваат со други бранши, како на пример логистиката, која стана поактуелна за време на пандемијата“ изјави Хартгес.
Пред почетокот на Ковид-19 кризата, Германија беше една од земјите со најмногу македонски работници, вклучувајќи и бројни македонски студенти кои привремено работеа во германските градови.
„Slobode pecat“










