Дубаи, веќе домаќин на највисокиот облакодер и трговски центар на светот, штотуку отворил уште една атракција која руши рекорди – најдлабокиот базен за нуркање во светот, пренесува „CNN“ .
Со неверојатна длабочина од 60 метри, базенот кој е дел од новата атракција „Deep Dive Dubai“ – го украл рекордот од полскиот „Deepspot“, чија длабочина е над 45 метри.
View this post on Instagram
Базенот „Deep Dive Dubai“ бил исполнет со 14 милиони литри свежа вода и температурата на истата била одржувана на 30 степени Целзиусови. Гинис на 27 јуни му ја доделил титулата „Најдлабок базен за нуркање“.
View this post on Instagram
Затворениот базен е сместен во структура во облик на острига од 1.500 квадратни метри, што укажува на историјата на Обединетите Арапски Емирати како нација во која е развиено нуркањето по бисери.

Во базенот имало подводен град во кој нуркачите можеле да истражуваат „напуштени“ потонати градски апартмани. Имено биле вградени најсовремени системи за осветлување и звук за да се создадат различни атмосфери.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=CExCUcy2_do[/embedyt]
Базенот исто така се удвојувал како подводно филмско студио – најголемото од ваков вид во регионот. Во близина на објектот била достапна просторија за уредување на видео содржина.
56 камери биле инсталирани околу базенот за да се осигури безбедноста на нуркачите на секој агол. Исто така, имало најнапредна хипербарична комора во регионот, со капацитет од 12 лица, во случај на вонредна состојба.
Sloboden pecat
