На Јабланица се случува масакр со дрвосечата и никој не презема ништо, се жалат жителите на Лабуништа, но и активистите од Здружението “Натура Лаб”.
Тие алармираат дека секојдневно се сечат огромни површини со најразлични дрвја, планината се соголува, па се стравува од евентуални свлечишта но и секнување на изворите со вода.
Овој проблем трае со години и се повеќе се влошува. Од истиот засегнати се се сите села под Јабланица. Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси. Жителите бараат државните и локалните инспекциски служби да излезат на терен и посериозно да се позанимаваат со овој проблем кој зема се поголем замав.
Во спротивно тие се подготвени да излезат и на протести се додека не го сопрат соголувањето и уништувањето на планината Јабланица.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=tP6EOQcefkE[/embedyt]
24








