Имајќи го во предвид периодот (времето) на истекување на редовниот мандат на членовите на џамискиот меџлис(одбор), и објавениот оглас за избор на нов состав објавен од џамискиот одбор при оваа џамија, денес беше оддржано гласање за нов 4 годишен мандат на нов состав како и избор на раководител на овој Меџлис (мутевелија).
Во прилог на овој пост ви го прикажуваме редоследот на добиените гласови, како и резултати од конечниот записник, според кој се именувани: Мутевелија и членовите на одборот.
Броењето на гласовите беше извршено врз основа на избирачки ливчиња ( 200 ком), и според нив конечниот резултат изгледаше вака:
1.Мавмудоски Демиш 141 – глас
2.Авмедоски Абип 78 – гласа
3.Кариманоски Реџеп 127 – гласа
4.Османоски Енвер 72 – гласа
5.Мавмудоски Сејат 44-гласа
6.Реџоски Фатмир 112 – гласа
7.Ајдароски Садик 117-гласа
8.Исмајлоски Вебија 49-гласа
9.Реџоски Есад 41-гласа
10.Исакоски Мирсад 34- гласа
11.Бајрамоски Рамадан 97-гласа
12,Ајрадиноски Вебија. 65-гласа
Конечниот изглед на ран листата на потребни 5(пет) кандидати(џематлии) по добиени гласови изгледа вака:
1 Демиш Мавмудоски 141 гласа
2.Реџеп Кариманоски 127 гласа
3.Садик Ајдароски 117 гласа
4.Фатмир Реџоски 112 гласа
5. Рамадан Бајрамоски 97 гласа
После завршување на пребројувањето на гласовите и реализацијата на конечниот резултат, аџија Рамадан Бајрамоски, се откажа од својата кандидатура и на негово место беше заменет со веднаш следниот кандидат по број на гласови г-динот Авмедоски Абип, така да конечниот состав на нови членови на Меџлисот при џамија Подгорци изгледа вака:
1 Демиш Мавмудоски 141 гласа
2.Реџеп Кариманоски 127 гласа
3.Садик Ајдароски 117 гласа
4.Фатмир Реџоски 112 гласа – Мутевелија на џамија Подгорци.
5. Абип Авмедоски 78 гласа
После кратката консултација (разговор ) помеѓу одбраните челнови, истите констатираа и се договорија за раководител (мутевелија) на меџлисот при џамија Подгорци да биде г-динот Реџоски Фатмир.
Аллах да им даде здравје,сабур и да ги награди за напорите кои ќе ги вложат во работата и организацијата на Џамијат во Подгорци.










