Што се случува во училиштето во Подгорци?
Новоизбраниот ВД директор Бранко Плушкоски, кој е назначен од новиот градоначалник Зијадин Села, а со огромна подршка од активистите на градоначалникот од оваа наша населба, ВД. Директорот Бранко побарал да бидат одјавени од работните места наставниците муслимани подгорчани-торбеши (Ариф, Идрис, Самир). Новиот ВД директор кој е незаконски поставен и кој не ги исполнува условите за директор (нема високо образование), според сознанија од јавноста и негови блиски пријатели, Бранко прифатил да биде директор по секоја цена доколку му подмират огромен долг кој го има направено заедно со својот син , и доколку му го легализираат неговиот објект (фармата) кај местото викано Бојко. Иако знае дека не може да биде директор, или многу кратко додека институциите го поништат овој криминал сепак Бранко започнува со реализација на ветеното и безсрамно се движи кон реализација на валканите намери.
Инако официјално новиот ВД директор Брако Плушкоски беше претставуван и донесен во канеларијата од страна на лабунишатанецот Абдула Ќазимоскит . Инако Абдула за време на изборите се биеше в гради во име на верата и муслиманизмот, држеше хутби преку кои ширеше верска нетрпеливост и омраза во кои другите ги нарекуваше каури и ќафири при што ради него ниту криви ниту должни ќе загинеа невини млади деца во селото Враништа. Децата беа наговарани да викаат „умрите каури“ и други недолични и провокативни извици. Но Абдула сето тоа го заборави и во Подгорци ни донесе нов директор „муслиман“ кој се вика Бранко. Браво бре Абдула! Алал да ти е на верата и професијата! Не те викале џабе кабак. Ама еден ден ќе излезеш пред Аллах и ќе одговараш за твоите лаги и глупости кои му ги правиш на овој народ.
Бранко во разговор со своите блиски „пријатели“ го искажал следното: Покрај тоа што ќе остварам материјални и финански цели од оваа зделка нареченеа ВД директор, најголема причина поради која што прифатив привремено да бидам ВД директор е да им се осветам на Подгорци и подгорчани за 2002 година кога преку штрајк ме разрешија од функцијата директор (беше заменет од подгорчанец муслиман за прв пат во историјата на Подгорци). Бранко продолжил и го рекол и следното: Јас многу добро знам дека во Подгорци нема албанци, а тоа го знае и градоначалникот, и сигурен сум дека оваа група подгорчани кои агитира за настава на албански јазик, исто како и јас и тие имаат финансиски и лични интереси, а за да ги остварат истите мораат да ги жртвуваат своите недолжни дечиња. Поради тоа јас сум спремен, во овие неколку денови додека бидам ВД директор, да потпишам сé што треба и не треба, со единствена цел, да им ја пуштам водата на овие прости турчишта и да направам раздор и поблеми во селото па нека си ги копает очите едни со други. Но уште послатка ќе биде мојата освета доколку навистина успеам да им ги легализирам паралелките на албански јазик, во што искрено се сомневам бидејќи тоа е невозможно и не зависи од мене.
Ако пак случајно тоа успее, сето ова што го правам ќе има вистинска смисла и нема да ми биде за ништо криво, бидејќи тогаш во Подгорци за кратко време со школото ќе раководи албанец, а учителите муслимани подгорчани (торбеши) ќе бидат заменети од учители албанци. Тогаш Подгорци засекогаш ќе биде слуга на албанските интереси, бидејќи набрзо потоа општината преку оваа група наивни партиски активисти ќе ја завземе и месната самоуправа.
Бранко продолжил да кажува и рекол: Јас не сум прост како што мисли оваа група која ме подржува. Јас ќе остварам и финансиски интереси и освета на Подгорчани која многу ја посакував, а секако дека најголемата корист од целата оваа игра ќе ја имаат албанците кои по секоја цена си ја спроведуваат нивната политика за вработување албанци по државните институции. Тоа мене воопшто не ми смета бидејќи јас го завршив своето и наредната година заминувам во пензија. На крајот од разговорот му било речено дека е срамота што го прави ова, на што тој одговорил: Зошто да е срамота? Јас не велам дека сум муслиман или албанец за да се срамам?! Зарем не е срамота да ги жртвуваш своите деца за лични интереси како што тоа го прави оваа група подгорчани? Зарем не е срамота да се правиш нешто што не си како што тоа го прави оваа група? Јас нема од што да се срамам, нека се срамат тие кои ги жртвуваат своите дечиња и кои по секоја цена сакаат да ги истераат од работа муслиманите подгорчани (торбеши). Јас не отидов кај нив да ги молам, туку тие дојдоа кај мене да бараат да им помогнам за да ги остварат нивните валкани намери, се разбира со огромна подршка од градоначалникот. Кој треба сега да се срами?! Јас ќе ја постигнам мојата цел и воопшто нема да ми биде криво за ништо. Мојата цел ги оправдува средствата кои ќе ги применам – завршил Бранко.
Ве молиме секој еден што ќе го прочита овој текст, истиот да го сподели со своите пријатели и познаници со цел сите да разберат што точно се случува во училиштето во Подгорци и да ги дознаат намерите на градоначалникот и неговите активисти подгорчани или поточно подгоречки „албанци“ со мајчин јазик македонски.










