Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека засега не се размислува за нови мерки за училиштата.

Состојбата, како што уверува таа, е стабилна.

„Состојбата во училиштата е стабилна. Со физичко активно присуство, според последниот случај, има некаде 35 ученици и околу 60 наставници, што е многу помалку од крајот на првото полугодие и сите протоколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, стабилно е, засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“, изјави Царовска.

360Степени