Лекарската Комора не најде пропуст кај доктор Асани, кој што на родилка и извади матка, бубрег и јајник

by Administrator

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, дознава „Слободен печат“.

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ ја потврди ваквата информација.

„Стигна извештајот од Лекарска комора“, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.

Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Sloboden Pecat

You may also like