Почитуван, г-дине Села, навистина оваа што вчера го направивте е за секоја пофалба, преку ноќ нашиот директор во ОУ Гоце Делчев – Подгорци го разрешивте и поставивте ВД Директор  и тоа г-дин Плушкоски Бранислав.

Зарем претходно не знаевте кого поставивте?.. Еве колку за Ваше подсетување, 02.09.2002  год истите овие граѓани кои 95% гласа за Вас, тогаш ја бојкотираа наставата токму заради не доброто работење на овој сега ново поставен директор, и дали вашиот нов директор  ги исполнува законските обрски (закон за образование) да биде ВД Директор??

Покрај тоа, за да видите визуелно како изгледаше тоа тогаш ќе го замолиме админот на овој портал доколку е во можност и да објави дел од видео снимките,  од 2002 година,  кои ќе му ги доставиме.меѓутоа нејсе.

Нашите наставници (торбеши) дури ни вечерта не беа запознати за ново настанатата ситуација, (И тие гласаа за вас) или пак во нормална држава барем претходно се известува директорот кој треба да се разреши, се разбира и доколку постои и на кој начин законска основа, за да не се направи конфузија меѓу овој народ пред кој треба повторно да излезете, ама сега како ке излезете, за жал дали и како ќе ви верува овој народ.  Подгорчани ги добивте како резултат на револтот на Подгорчани и Лабуништани за ново настанатата коалиција помеѓу ДУИ и ПЕИ, ама како и да е еве времето си врвит и когаш тогаш ќе дојдат и нови парламентарни и локални избори, па тогаш ќе видиме дали на оваа фотографија ќе славите со Подгорчани или пак Лабуништани.

A, Подгорчани сега нека се замислат, дали новиот директор ќе биде од подгорци или не, не е важно, ама важно е дека наше дете ќе си замине од работа…

Или, пак доклку имате некакво објаснување, дојдете кај нас во Подгорци, и кажете ни, можеби пак ние грешиме, а не само за избори да се сликате со нас, и после……….??????

Јас лично го средував ово текст доставен -направен од револтирана група на граѓани, и за жал се сомневам дека админот на овој портал ќе го објави, затоа што знам дека и тој гласаше за вас.

Треба да се осврнете на вашите ветувања, односно овој народ кој ве гласаше да ја почувствува убавината на вашето управување со општината,.

Замислете се што ветивте и започнавте да правите како што рековте: Автобусот на Сприја за онаа порта што ви ја прават ќе го сопрам кај Вакчаре, и види тоа и го направивте, никој Вас нема да ве игнорира како муслимани и други поред изјави.

И, навистина Сприја повеќе не оди до Струга туку до Вакчаре, проблемите со нас подгорчани започнавте да ги решавате со тргање на нашиот директор Фадил, па сега си поставивте нов, се рабира директор кој оваа населба го сака.

Како и да е,? г-дине Села би сакал да ви се заблагодарам за досегашнава работа во мое име и име на Подгорчани, Вие само продолжете вака, со вашите успеси, а Подгорчани отценката за вашата работа ќе ви ја пише на некои наредни избори.

Уште еднаш, Би сакал да го замолам Админот на овој портал да го објави овој коментар на неговиот-нашиот засега како што е тргнат најдобро организиран и релано информиран , да го објави како вест, а не како коментар.

Овој текст е испратен од група граѓани на населба Подгорци, и истиот е корегиран од страна на админот на овој Портал.

Така да заради настанатите корекции админот им се извинува за корекциите што се направени на сите оние кои зеле учество во ноговата содржина..

Група жители на населба Подгорци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here