Во пресрет на овогодинешнава сезона за наводнување на земјоделско обработливите (пченка,компир и др..) површини, во населба Подгорци, од Водната Заедница – Подгорци, која стопанисува  и регулира со наводнувањето,  објавен е отворен повик (оглас) за избор на вододелител за оваа сезона.

431828_582991271732057_921291254_n

Сите заинтересирани лица, според правилникот  на ВЗ – Подгорци, треба да поднесат соодветна документација  и истите треба да ги исполнуваат следниве услови:

1.Да е физички работо способен.

2.Добро да го познава полето во оваа населба.

3, Да поднесе барање со потребен износ на парични средства (надокнада) за неговите услови

 

 

391397_582994548398396_1092248471_nИзбраниот вододелител , својата дејност ќе ја врши во период од 1-јули до 5 септември 2013 година.

Огласот е отворен се до 20 јуни, кога и официјално ќе се одбере новиот вододелител за оваа претстојна сезона.

Изјави, раководителот на ВЗ-Подгорци г-дин Насер Реџоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here