Еве, дојде денот кога и нашите осмооделенци-односно, сега веќе за неколку месеци ќе станат средношколци, некои ваму, некои таму итн.
Се радуваат ли… си се чекаат партнерите, сите со поедно торбуле со поклон за партнерот, цвеќе,мирис, идр.
Радоста е голема, се дотерувале, разни фризури, разни стилови на облека, шминки итн.
Дома се пречекуваат гости, се честита, радоста е неизмерна се до моментот кога треба да се замине на полуматурската забава.
Оваа година полуматурантите се решиле односно било организирано да се прослави во хотел Бисер.
Тргнуваат во 17.30 час, и треба да се веселат до 02.00 кога ќе треба да дојдат дома, и од наредното утро да започнат нов период во нивниот живот, а стариот ќе заврши до земањето на сведителствата.
Слегуваме надолу, накај Школата-Автобуската, а тука се насобрале ли луѓе од сите возрасти, и само се шепоти: леле колку е лична, леле колку е убав оној, и тн.Сите се туркаат во гужвата да ги видат своите и да им посакаат среќен пат и убаво да си помина, се сликаат-снимаат и уште еднаш пред заминување да им кажат како што се вели: Умот да го клајте.
Автобувчињата на Паша сејо и Бела Иса, малку по малку се полнат, а ние им мавтаме на нашите полуматурантчиња им посакуваме се најубаво односно убаво да си поминат.
И, така тргнаа кон својата како што рече една осмооделенка: аџо, оваа е нашата најдочекувана вечер.
Како и да е , да им посакаме убаво да си поминат, да им посакаме многу среќа и успех во уписите на средните школи каде што планираат да продолжат да се школуваат.















