Собраниската комисија за здравство ја почна расправата по измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во кои треба да се вметнат мерки за Ковид-19.
Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење на маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки.
Министерот за здравство Венко Филипче го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто Владата и Министерството за здравство амандамните ги доставиле пред почетокот на Комисијата, а според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски некои од амандамните веќе се предложени и од опозицијата.
Министерот Филипче изрази надеж дека пратениците ја разбираат потребата од носење на Законот, како и од амандманската интервенција и дека тоа е во насока на заштита на јавното здравје. -Ние ги најавивме амандманите.
Како се усложнуваше ситуацијата најпрактичен и набрз начин беше после поднесувањето на овој закон, да се интервенира со амандмани, нешто што уредува носење на маски на отворено и зголемување на ингеренциите на инспекциските служби како тоа ќе го пратат, рече Филипче.
Opserver









