Пендаровски го свика Советот за безбедност

by Administrator

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност, на која покрај покрај редовните членови ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

„На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

MKD

You may also like