Поднесени амандмани на измените на Законот за заштита од заразни болести

by Administrator

Собраниската комисија за здравство ја почна расправата по измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во кои треба да се вметнат мерки за  Ковид-19.

Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење на маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто Владата и Министерството за здравство амандамните ги доставиле пред почетокот на Комисијата, а според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски некои од амандамните веќе се предложени и од опозицијата.

Министерот Филипче изрази надеж дека пратениците ја разбираат потребата од носење на Законот, како и од амандманската интервенција и дека тоа е во насока на заштита на јавното здравје. -Ние ги најавивме амандманите.

Како се усложнуваше ситуацијата најпрактичен и набрз начин беше после поднесувањето на овој закон, да се интервенира со амандмани, нешто што уредува носење на маски на отворено и зголемување на ингеренциите на инспекциските служби како тоа ќе го пратат, рече Филипче.

Opserver

You may also like