„На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.










