И покрај најавите дека е доведено во прашање опстојувањето на манифестацијата „Гоцеви денови“ во струшко Подгорци, со напори на организационит одбор таа сепак по четириесет и втори пат ќе се одржи на 8-ми јуни.

podgorci

Како што информираат организаторите, Програмата и оваа година ќе биде слична како и минатите изданија, а ќе се доделува и традиционалната „Гоцева повелба“ на истакнат поет и писател.

Единствената причина поради која оваа година манифестацијата во Подгорци нема да се одржи во традиционалниот термин во месец мај е вадењето на бистата на Гоце Делчев, потенцира Стојан Кукунешоски од организациониот одбор:

– За жал не можевеме да ја одржиме во средината на мај како секоја година, бидејќи бистата на Гоце Делчев беше извадена од постаментот и моментално се наоѓа во училиштето „Гоце Делчев“. Ќе правиме напори деновиве да се врати бистата каде што и е местото и манифестацијата да се одржи како и секоја година. Ќе се оди во Скопје до Централниот совет и Министерството за култура каде ќе бараме средства и помош, вели Кукунешоски.

Бистата на Гоце Делчев која се наоѓа веднаш над Основното училиште во село Подгорци кое го носи неговото пред речиси осум месеци беше извадена од нејзиниот постамент, со образложение дека истата мора да се заштити од постојаните кражби. Оваа биста била поставена пред десет години, кога бистата пред неа на сличен начин била отстранета од нејзиниот постамент.

Градоначалникот на Општина Струга Зејадин Села вели дека не бил информиран за ваквиот тек на настаните поврзани со традиционалната манифестација „Гоцеви Денови“:

– Не сум информиран околу оваа работа. Тврдам одговорно дека немам информација дали има барање да се одржи патронатот.

Манифестацијата „Гоцеви денови“ е ставена во програмата за култура при Општина Струга, која е изгласана од минатиот Совет. На оваа реномирана поетска манифестација своевремено редовно присуствувале Михајло Апостолски, како и првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Супер радио

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here