„Ова е Порта Македонија во центарот на Скопје. Беше изградена во рамките на проектот Скопје 2014, а свечено пуштена во употреба во јануари 2012 г. Сега Владата „Заев 2“ бара таа да биде отстранета“, вели репортерот на ТВ21.

Владата со писмен допис побара од општина Центар да ја избрише маркицата за Порта Македонија . Освен тоа, се планира да се урне и споменикот на Мајка Тереза на плоштадот, чија изградба беше стопирана пред неколку години.

Сега останува Општина Центар и Министерство за култура да одлучат за понатамошните чекори.

Првиот човек на Град Скопје не очекува нивното отстранување да биде тешко колку што е постапката за отстранување на галиите од Вардар, кои се и бизнис објекти односно ресторани.

Град Скопје успеа без буџетски импликации да ги заврши постапките за отстранување на  две од трите галии.

Ги прашавме граѓаните што мислат за отстранувањето на Порта Македонија.

ТВ21: Што мислите за овој чекор на Владата?

Откако ќе се сруши Порта Македонија, останува отворено прашањето каде ќе се стави бројчаникот кој премиерот Зоран Заев го плати со негови пари, на кој ќе се прикажуваа вратените пари на граѓаните, но истиот никогаш не проработи.

TV21