„Засега нема потреба од целосен карантин – задолжителни маски на отворено останува како опција“

by Administrator

По наглото зголемување на новите случаи на Ковид 19, состојбата полека се стабилизира, односно повторно е вратена на 10 отсто заразени од вкупниот број направени тестови.

Поради ова засега нема потреба од воведување на карантин, особено на на целата територија на државата или воведување на некакви дополнителни рестриктивни мерки, вели министерот Венко Филипе.

Тој воедно изјави дека простор за паника нема, а доколку има некакви мерки, тоа би биле некакви благи рестриктивни мерки во општините и регионите каде би имало зголемување на бројот.

TV21

You may also like