Министерот за здравство Венко Филипче, непосредбо по враќањето од Атина во интервју за „Сител“ вели дека состанокот со грчклиот министер за здравство поминал во пријателска и добра атмосфера.
– Состанокот со грчкиот министер за здравство помина во одлична пријателска атмосфера и може да кажам дека го имаме истиот пристап, дилеми и прашања за епидемијата со коронавирусот. Важно е да да најдеме решение на кој начин да пристапиме кон отварање на границите. Спремивме еден документ кој треба да го разгледаме во текот на неделата, дали ќе ни требаат тестови за да патуваме, па откако ќе го разгледаме, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка , а понатаму тој документ сакаме да го понудиме и на другите соседни земји- рече Филипче.
Тој документ ќе го разгледаат експерти, па ќе се утврдува на кој ќе се преминуваат границите ќе биде финализиран.
-Битно е дека разговаравме дека сите граѓани кои ќе одат во Грција и оние кои ќе дојдат во Македонија, доколку имаат потреба да се лекуваат од болест предизвикана од коронавирусот да им овозможиме тоа да го прават во нашите две земји бесплатно- рече Филипче.
Sitel









