Пронајден човечки череп на патот кон резерватот „Јасен“

by Administrator

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на местото викано „Осој“ во атарот на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот што се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“, пронашле човечки череп.

Како што соопшти МВР, денеска увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика, изврши увид на местото на настанот, а телото е ископано, подигнато и предадено за обдукција.

Vecer

You may also like