Wednesday, June 3, 2026
Home Македонија Уставниот суд го укина посебниот полициски час за возрасните и малолетните.

Уставниот суд го укина посебниот полициски час за возрасните и малолетните.

115
0

Судиите на Уставниот суд на денешната седница изрекоа времена забрана на владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години, како и за ограничувањето на лицата помлади од 18 години.

Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.

Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 19 до 5 часот, место да смеат да излегуваат само од 12 до 19 часот.