Комисија за заразни болести: Дозволени се митинзи и одење од врата на врата

by Administrator

Комисијата за заразни болести го испрати протоколот според кој ќе треба да се одржуваат престојните избори до техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Со него, не се забрануваат одржувања на митинзи, одење од врата на врата, туку се препорачува почитување на мерките кои веќе се донесени за користење на дезинфекциски средства, држење дистанца, носење на маски. Министерот за здравство, Венко Филипче, презентирајќи го протоколот, рече дека очекува сите учесници во изборите да ги почитуваат правилата.

„Тој предвидува мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат начинот и спроведувањето изборната кампања, организацијата на собирите, здравствениот протокол на денот на гласањето. Протоколот е составен од четири дела. Во однос на предизборната кампања согласно генералните препораки на Комисијата за заразни болести, а врз основа на кои се темелат генералните правила за движење, социјализација и комуникација на луѓето, одржувањето на сите активности на партиите во кампањата треба да се одржуваат почитувајќи ја физичката дистанца од 1,5 до 2 метри, задолжително носење на маска при реализација на сите активности за време и пред кампањата и задолжително често миење на рацете и дезинфекција во насока на превенција“, рече Филипче.

You may also like