Имајќи ја во предвид моменталната ситуација во светот зафатен од страна на пандемијата на коронавирусот, имавме можност накратко да поразговараме со г-динот Енис Мевмедоски, за моменталната состојба во населба Октиси.
Дубаи Портал: „Октиси, како и голем број населби се соочува со епидемијата на коронавирусот. Како претседател и членн на Кризнчиот штаб, ќе може ли да ни кажете каква е моменталната состојба во ова населба?
Мевмедоски: „Состојбата во Октиси моментално е добра и немаме ниту еден случај и се надеваме дека вака ќе остане.“
Дубаи Портал: „Дали имате информации за евентуално заразени граѓани со овој вид на вирус, и колкава е бројката.“
Мевмедоски: „Ние сме во контакт со нашите матични доктори од Октиси и како што напоменав немаме ниту еден случај на коронавирус. Состојбата со тие што беа во изолација помина и нема никакви сомненија за присуство на коронавирусот во Октиси.“
Дубаи Портал: „Превземени се ли соодветни мерки на заштита и олеснување на моменталната состојба на граѓаните.“
Мевмедоски: „Граѓаните ги почитуваат сите преземени мерки за заштита и помагаат во сите потребни работи.“
Дубаи Портал: „Евидентирани ли се некакви прекршувања на полицискиот час, или некој сличен инцидент.“
Мевмедоски: „Полицискиот час се одвива во добри услови. Сите жители го почитуваат максимум и до сега немаме никакви проблеми, а сме и во соработка со МВР.“
Дубаи Портал: „Постои ли комуникација со општинските органи и кризните штабови од другите населби“
Мевмедоски: „Кризниот Штаб Октиси е составен од доброволна основа од луѓе кои доброволно сакаат да помогнат во овие тешки моменти. Ние исто така, во контакт сме со главниот кризен штаб во Струга и ги почитуваме нивните мерки.“
Дубаи Портал: „И за крај, што би им порачале на граѓаните на населба Октиси.“
Мевмедоски: „Јас како претседател на Месната заедница Октиси и член на кризниот штаб, препорачувам да ги почитуваме мерките од стручните лица и да останеме дома, за што побргу овој вирус да помине. Заедно сме со нашите блиски села, Лабуништа, Подгорци и Боровец, да ги пребродеме овие тешки моменти и сите невистини што ги пишат некои медиуми.“
Со почит, Енис Мевмедоски
„Dubai-Portal“











