Лабуништа: Формиран кризен штаб, за борба против епидемијата на корона вирус

by Administrator
Почитувани Лабуништани,
Денес (30.03.2020) беше одржан состанок на месната заедница и официјално се формира “Локален Кризен Штаб“ за новонастанатата состојба.
Членовите на Локалниот Кризен Штаб се:

1. Рамиз Алиески , д-р Спец.
2.Ферид Салкоски д-р. Спец.
3.Самир Јускоски, д-р. (советник)
4.Едис Демироски, командир на Гранична Полиција
5.Агим Шаќири, пратеник
6.Алија Камбероски, пратеник
7.Емина Мемишоска, советник
8.Јасмин Ќазимоски, советник
9.Мурат Шабани, советник
10.Мирсад Мемишоски, Месна Заедница
11.Сабит Нуредини, Месна Заедница                     12.Идриз Хоџа, општина Струга
13.Мевмед Халили, директор на меѓуопштински центар за социјална работа
14.Ирфан Рамизи, ЦУК
15.Абдуллах Алиоски, компјутерски инженер

Ситуацијата не е многу алармантна само треба строго почитување на мерките од Министерството за здравство, избегнување на беспотребно излегување од дома и лицата што се во самоизолација да се придржуваат кон забраната за движење. Ќе се врши дезинфекција на сите јавни површини во Лабуништа и ќе се набави додатна заштитна опрема (маски, ракавици, средства за дезинфекција и др.)

За сите додатни мерки и активности ќе бидеме во контакт со општинскиот и централниот кризен штаб и благовремено ќе ве информираме за идните чекори и постапки.

Отворени сме за секакви сугестии и апелираме до сите да помагаат на било каков начин.

Контактирајте не за било какви потреби и проблеми.

Сите за Лабуништа.

Главен координативен штаб Лабуништа

 

You may also like