На вчерашниот состанок на Координативниот совет предводен од градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, во врска со двата нови случаи позитивни на КОВИД 19 од околината на Струга, беа донесени следните заклучоци:

1) Да се изолираат селата каде има појава на случаи со КОВИД 19 за што и е поднесено барање до Влада и истовремено тестирање на сите жители од овие села.

2) Прекин на сите редовни линии за патнички превоз во Општина Струга.

3) Да се направи список со имиња на сите лица со кои биле во контакт со лицата кои се позитивни на вирусот, истите да се тестираат и да останат во самоизолација и под надзор на лекарите, за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.

4) Лицата кои патувале во странство да ја почитуваат мерката за самоизолација.

5) Сите работници кои работат во јавните претпријатија во склоп на Општина Струга, а се жители на овие села, се ослободуваат од доаѓање на работа со што нивните работни обврски ќе ги вршат од дома, до следното известување од Координативниот совет.

6) Зелениот пазар ќе се затвори на 31.04.2020 (вторник)

Strugaonline