Почитувани Лабуништани и граѓани на околните села!
Во услови кога сме нападнати од еден невидлив и заеднички непријател т.н КОРОНА ВИРУС-COVID-19,апел до сите вас да бидеме крајно претпазливи и контактите да се сведат на минимум и неопходност.Сите сме свесни што овој вирус направи и се уште прави во целиот свет како по здравјето така и по економијата.Затоа не треба да си е земаме на лесно,но напротив треба да претпоставиме дека секој од нас би можел да заболи од овој вирус.Само така ќе можеме да бидеме одговорни пред себе,пред нашите во семејството како и према останатите граѓани.За жал од вчера 29.03.2020год поради откривање на првозаболените од овој вирус амбулантата за ИТНА ПОМОШ во Лабуништа ќе биде затворена во наредните денови како една од превентивите од натамошно проширување на вирусот.Поради горенаведеното ќе имаме намален медицински персонал на доктори и сестри.Сето ова треба дополнително да не загрижи затоа што во вакви услови ја немаме можноста за ИТНА ПОМОШ во нашето село која во многу наврати беше неопходна за нашите граѓани,особено за хронично болните.

На крајот би сакал да ве замолам да не излегуваме од дома без голема потреба.Дајте да ги издржиме заеднички овие тешки моменти дома со своето семејство.Подобро дома здрави и живи него недај господе многу денови по болници и не сакани последици.И за крај би сакал да ги повикам сите граѓани на кои им треба било каква моја помош нека ме бараат во било кое време.Достапен сум 24 сати.ИншааАллах заеднички ќе го победиме злото и на крај ќе останеме здрави,живи и среќни.