Јанкуловска нема да оди во затвор, Врховен донесе одлука за одложување на казната

0
114

Врховниот суд  одлучил да  го одложи издржувањето на затворската казна за Гордана Јанкуловска која е осудена на 4 години затвор за „Тенк“. 

Од Судот соопштија дека одлуката на Врховен мора да се почитува, и покај одлуката на судија за извршување санкции од Кривичниот суд Јанкуловска на 1 јули да замине на издржување на затворската казна.

„Врховниот суд до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Гордана Јанкуловска  осудена со пресуда на Основниот кривичен суд и со  пресуда на Апелациониот суд  за „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува.

Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Јанкуловска е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ“, пишува во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Гордана Јанкуловска како поранешен министер за внатрешни работи беше осудена на 6 години затвор за случајот „Тенк“, но по жалбата во Апелација, затворската казна и беше намалена на 4 години затвор.

Врховниот суд нема законски рок во кој би одговорил на барањето за преиспитување на правосилноста на пресудата. Се дотогаш на сила е одлуката Јанкуловска да не оди во затвор.

За случајот „Тенк“ Груевски е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор. На Поповски Апелацискиот суд му ја намали казната на 4,5 години.

Извор:НоваТВ