Експлозија во склад со оружје во Казахстан, се подготвува евакуација на цел град

by Administrator

Пожар предизвика силна експлозија во складиште со оружје во казахстанската покраина Туркистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Комитетот за вонредни состојби во Казахстан соопшти дека експлозијата во складиштето се случила утринава во девет часот по локално време, и дека на местото на несреќата се упатени десетици противпожарни екипи.

Според првичните информации, во експлозијата нема настрадани бидејќи комплексот е евакуиран поради претходно избивање на пожарот.

Експлозијата се случи во военото складиште во близина на градот Арис, во јужниот дел на земјата.

Министерството за одбрана на Казахстан соопшти дека во експлозијата се уништени над половина од оружјето и муницијата во складиштето.

Формирана е комисија за истрага на случајот, а надлежните служби подготвуваат превентивна евакуација на жителите на Арис, во кој живеат 43.000 луѓе.

You may also like